Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гужва пред Влада, штрајкуваат Охис и железничарите

Гужва пред Влада, штрајкуваат Охис и железничарите
Денеска пред Владата протестираат вработените на државниот загубар „Охис “ и работниците од фирмата „Ремонт на пруги“. За два дена се затвора седмиот по ред тендер за продажба на скопската фирма, која во првите 9 месеци од годинава повторно прикажа неколку милионски загуби во работењето.  Работниците на Охис немаат земено плати за повеќе од една година. Тие бараат од Владата конечно да најде решение за фирмата, но и за нивниот статус. Вработените пак на фирмата „Ремонт на пруги“се заканија со радикализирање на протестите и блокирање на улиците во Скопје доколку владата и натаму ги игнорирала нивните проблеми како што се неисплатените плати со месеци наназад.
Слично

Поврзани вести