Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гужва на бензинските станици, горивата поскапеа за 3 денари

Гужва на бензинските станици, горивата поскапеа за 3 денари
Зголемени гужви на бензинските станици низ земјава. Попладнево возачите побрзаа да ги наполнат резервоарите со гориво, по најавата дека од полноќ за три денари поскапува бензинот. Возачите коментираат, дека во екот на летните одмори, новата цена на бензините силно ќе удри по џебот на граѓаните. Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 поскапува за 2,5 денари по литар и од полноќ ќе чини 81 денар за литар. За дури 3 денари поскапува Еуросупер БС-98, кој ќе се продава за 83 денари. Исто толку поскапува и Еуродизел кој ќе чини 70 денари за литар. Екстра лесното масло ќе се продава по цена од 59 денари за литар, а мазутот по 41,883 денари за килограм, што е поскапување за 1,4 денари по килограм. Според вообичаената практика, промената на цената на горивата се прави секој втор понеделник, а Регулаторот новата цена ја правда со промените кај нафтата на светските берзи.  
Слично

Поврзани вести