Гувернерот тврди дека економијата и денарот се стабилни
Димитар Богов гувернерот на НБРМ од Вашингтон каде учествува на пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд порачува дека економијата на земјава е стабилна и дека нема опасност од девалвација на денарот.
Во изјава за МРТ во Вашингтон посочува дека ММФ предвидува дека оваа година Македонија ќе има економски раст од 3,6 проценти, но оти изразува загриженост поради политичките случувања.
Во однос на разговорите што ги имавме за македонската економија, деновиве ММФ излезе со проекција за економскиот раст во оваа година 3,6 проценти, што потврдува дека и тие гледаат дека македонската економија има здрав потенцијал за економски раст.
Богов посочил дека не постои загриженост дека најновите политички случувања и политичката несигурност што владее во Македонија може да го загрози овој потенцијален економски раст
