ГУВЕРНЕРОТ БОГОВ: Еврообврзницата ќе ги покрие потребите до средината на 2016
Новото задолжување од 270 милиони еври ќе биде доволно за да се покријат потребите на државата до средината на 2016 година – вели гувернерот на Народна банка, Димитар Богов во емисијата „Економски магазин”.
„Мора да постои некој баланс во финансирањето од домашни и странски извори, овој износ кој сега се зема е навремено и тој ќе ги покрие потребите до средината на идната година. До тогаш не очекувам проблеми да се појават во овој сегмент, вели Богов.
Гувернерот се надева дека во наредниот период Министерството за финансии нема да се соочи со проблеми во финансирањето.
“Се надевам дека тоа нема да се случи. Буџетот е со сила на закон и преку него, министерството мора да ги реализира сите обврски, односно трошења и исплати. Изјавата дека без пари од Еврообврзницата, Буџетот ќе колабираше мислам дека е пресилна“, вели Богов во интервју за 24 Вести.
