Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гутереш: Неморално е што компаниите за нафта и гас остваруваат рекордни профити

Гутереш: Неморално е што компаниите за нафта и гас остваруваат рекордни профити

Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН ја критикуваше „алчноста“ на големите нафтени и гасни компании кои остваруваат рекордни профити „на грбот на најсиромашните“ благодарение на кризата предизвикана од војната во Украина. 

Тој ги повика владите да ги оданочат.

„Неморално е што компаниите за нафта и гас остваруваат рекордни профити благодарение на оваа енергетска криза, над грбот на најсиромашните жители и заедници, додека климата плаќа огромна цена, Ги повикувам сите влади да оданочат прекумерна заработка и да ги искористат тие пари за да им помогнат на најранливите во овие тешки времиња“, додаде тој. 

Вели дека најголемите нафтени и гасни компании заработиле речиси 100 милијарди долари во првиот квартал од 2022 година.

Слично

Поврзани вести