Економија, финансии, бизнис

Контакт

Густата магла го затвори Александар Велики за сообраќај

Густата магла го затвори Александар Велики за сообраќај
Лошите временски услови проследени со густа магла, што ја зафати Македонија, го парализираа авионскиот сообраќај и ги принудија службите на аеродромот Александар Велики да откажат дванаесет летови кои рано утринава требаше да полетаат или слетаат на оваа локација.ж Најголем дел од летовите се пренасочени кон охридскиот аеродром. „Патниците кои имаат закажано летови да ја следат официјалната страна на аеродромот каде податоците за летовите постојано се ажурираат или да стапат во контакт со компаниите кои одлучуваат за одложување или откажување на летовите“, советуваат од ТАВ. Маглата е причина и за енормно високите количини на опасните пм 10 честички во воздухот. Во Скопје и Тетово утринава беше регистрирана голема загаденост на воздухот. Според индексот на загадување нивото на суспендирани честички PM 10 е високо во неколку скопски населби. Иста е состојбата и во Тетово каде загаденоста со пм 10 честичките за осум пати ги надминала дозволените вредности. Податоците објавени на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека загаденоста е голема во скопските населби Центар, Карпош, Лисиче и Гази Баба.  
Слично

Поврзани вести