Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓулистана Марковска: Груевски ги извалка четирите свети букви  В.М.Р.О.  

Ѓулистана Марковска: Груевски ги извалка четирите свети букви  В.М.Р.О.  
Ѓулистана Марковска која беше дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во првото Собрание за Фактор вели дека споредувањето на ВМРО ДПМНЕ денес и пред 26 години  е на степен на навреда на неговите вистински идејни творци, меѓутоа и сериозно подигрување со четирите свети букви: В.М.Р.О.  Според неа, целокупната енергија тимот на Груевски  ја насочува  во  напорите да ја  сочува партијата односно гласачката машинерија од последните избори . „Во моментов сите незадоволници од актуелниот режим, без оглед на тоа од која причина се такви, треба да бидат обединети бидејќи само тоа е силата на едно општество која има украдена држава“,  порачува   Марковска . Последните пораки од лидерите на двете најголеми македОнски партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ  Никола Груевски и Зоран Заев  по повод актуелната политичка ситуација, не претставуваат реална закана за судир на мојот -твојот народ, туку обраќање на секој кон своите во борба за повисок партиски рејтинг. Тоа е реално и за очекување од Груевски, затоа што целокупната енергија во ВМРО ДПМНЕ во моментов е да се сочува партијата односно гласачката машинерија од последните избори (дури и без гласовите еден од администрација плус петнаесет нови) затоа што доколку избие револт во редовите на ВМРО ДПМНЕ тој може да претставува реална и вистинска негова загуба бидејќи на ''полковникот ќе нема кој да му пишува'' односно ќе нема кој да го брани, гласноговори и воспејува. Затоа, се што во моментов тој прави, е буквално ако може да се посети секој оној кој има партиска книшка, бидејќи одлично ја познава суетата на луѓето, односно гласачите на ВМРО ДПМНЕ, кои по постетата и разговорот, имаат чувство на одважност небаре ги посетил '' папата'' и ако е потребно се подготвени да "гинат" за ВОДАЧОТ. Господинот Заев во моментов е лидер на СДСМ, меѓутоа лидер е и на сите оние кои се против режимот на актуелната политичка врхушка, треба да покаже поголема визија и лидерски капацитет за обединување, а не само за "летање во сопственото јато". Во моментов сите незадоволници од актуелниот режим, без оглед на тоа од која причина се такви, треба да бидат обединети бидејќи само тоа е силата на едно општество која има украдена држава. -Споредувањето на ВМРО ДПМНЕ од првиот состав и политичкиот врв на истоимената партија веќе е на степен на навреда на неговите вистински идејни творци, меѓутоа и сериозно подигрување со четирите свети букви: В.М.Р.О. Затоа што ВМРО е во генетскиот код на секој Македонец уште од далечната 1893, тоа е борба за чест, достоинство, преживување и опстојување низ вековите. Споредено со сегашното лицемерие, дволичност, немање на основно чувство на праведност и почит кон сите луѓе без оглед на пол, вера и нација, претставува груба споредба на луѓе со идеали, на луѓе во вистинска смисла на зборот и на оние другите желни за власт, одмазда и крв. Подготви Горазд Чомовски
Слично

Поврзани вести