Ѓукановиќ: Црна Гора можеше да изгори како Босна
Црна Гора се разликува од големиот српски национализам и во 90-тите години на минатиот век се обиде да ја зачува заедничката држава.
Тоа, го изјавува во парламентот на Подгорица црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.
„Апсолутно погрешно е тврдењето дека во тоа време кога имавме можност за подобар избор - за прогласување независност. Јас сум убеден дека ако во тоа време тргневме по патот на независноста, Црна Гора требаше да гори на ист начин како Босна и Херцеговина и делови од Хрватска, и со тој пожар требаше да изгори и идејата за нашата независност“, изјавил Ѓукановиќ во парламентот при претставувањето на новите министри од кабинетот.
„Србите во Црна Гора живеат како и сите други граѓани во Црна Гора и тие не се чувствуваат како да се од втора категорија граѓани“, додал премиерот.
