Гугл: Ставете пари на Бермуди и платете помал данок, ова е капитализам!
Претседателот на бордот на Гугл, Ерик Шмит истакнувад дека е многу горд од даночната структура на компанијата и дека мерките за намалување, па и избегнување на даночните обврски биле само "капитализам".
Коментарите на Шмит повторно го привлекуваат вниманието на јавноста врз начините со кои големите мултинационални компании го избегнуваат плаќањето на даноци. Минатата година Гугл заштедил близу 2 милијарди долари од данокот што требало да го плати во САД со тоа што направил пренос 9.8 милијарди долари на сметка во Бермудите.
Сепак Шмит ја штити својата компанијата. „Ние плаќаме навистина високи суми за даноци, согласно пропишаните закони“, вели тој за Блумберг.
„Јас сум многу горд на структурата која ја создадовме. Тоа го направивме врз основа на олеснувањата иницијативите кои Влади ни ги понудија. Тоа се вика капитализам“, рече тој додавајќ и дека „Ние сме горди капиталисти“.
Документите поднесени минатиот месец во Холандија покажуваат дека Велика Британија е вториот по големина пазар на Гугл и генерира 11% од приходите од продажба на компанијата, или 4.1 милијарди долари минатата година. На оваа сума компанијата платила 6 милиони фунти данок на доход.
Слично
