„Гудис“ отвори врати во Скопје, а ги мерка и другите балкански земји
И официјално започна со работа првиот ресторан на „Гудис“ во „Веро центарот“. Ова е првиот ресторан од овој бренд што се отвора во Скопје од ланецот на познатите грчки ресторани за брза храна, за кој франшизата ја има Веро („Веропулос“ ДООЕЛ Скопје).
„Среќни сме што имаме можност на скопјани да им понудиме ново место на мапата на ресторани, место со вкусна и деликатесна храна, да ги понудиме уникатните вредности на медитеранската кујна. Квалитетна и брза услуга од нашите вработени, разновидна храна подготвена според највисоките стандарди за квалитет, со специфичен медитерански вкус. Задоволни и насмеани потрошувачи се нашиот императив и ќе се потрудиме да им овозможиме извонредно искуство”- изјави Костас Теодосијадис, генерален директор на Веро.
Првиот ресторан „Гудис“ е отворен во 1975 година во Солун, а денес ланецот го сочинуваат над 135 ресторани во Грција, пет на Кипар и по еден во Тирана и во Белорусија. Во иднина компанијата има намера да отвори уште 22 нови ресторана во повеќе земји. Главна цел на компанијата за 2014 година е да отвори 20 ресторани на Бaлканот и Источна Европа.
Слично
