Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГТЦ ќе подели по еден денар бруто дивиденда за акција!!!

ГТЦ ќе подели по еден денар бруто дивиденда за акција!!!
И лани ГТЦ има оперативна загуба од работењето, а во крајна линија добивката е резултат на финансиски приходи од 21,4 милиони денари. „Градски трговски центар„ А.Д., компанијата што издава деловен простор и го одржува и опслужува трговскиот центар во најстогиот центар на Скопје, ќе подели 1,835 милиони денари ( 28.800 евра) дивиденда на своите акционери. Секоја акција носи еден денар дивиденда во бруто износ! Најголемиот акционер во ГЦТ – Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор во државна сопственост ќе добие 97,6 отсто од парите од дивидендата затоа што поседува толкав процент акции во структурата на ГТЦ.Вака одлучи акционерското собрание на таа компанија на последната седница одржана на 19 јуни, годинава. ГТЦ, поранешната трговска гордност на македонскиот главен град, има вкупно 173 акционери, според официјалната евиденција на Централниот депозитар за хартии од вредност. Освен државното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор ГТЦ има 127 акционери – домашни физички лица. Тие сега ќе поделат дивиденда од 14.007 денари во бруто износ – колку што акции сите заедно поседуваат во оваа компанија. ГТЦ, според официјалните достапни податоци на ЦДХВ, има издадено вкупно 1.846.325 акции со право на глас. Лани компанијата остварила добивка по оданочување во износ од 1,93 милиони денари (над 30.000 евра). Вкупните приходи од редовните активности изнесувале 221,7 милиони денари (3,6 милиони евра) од своето оперативно работење лани компанијата бележи оперативна загуба од 16,5 милиони денари. Доколку се спореди со сите оперативни приходи добивката би била само 0,87 отсто од нив. Како и да е, во споредба со 2012 година ГТЦ успеал да ја удвои добивката за своите акционери, пред се за државното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. За 2012 година добивката била половина денар за акција. Според достапните официјални податоци на Македонската берза за хартии од вредност книговодствената цена на таа акција е 481 денар. По продажбата на најголем дел од деловниот простор во изминативе десетина години оваа компанија, најголем дел на своите деловни операции ги сведе на  одржување и сервисирање на приватните продавници лоцирани во строгиот центар на Скопје, во Градскиот трговски центар. Билансот покажува дека и лани, како и во 2012 година,  оперативните расходи биле повисоки од оперативните приходи заради што компанијата годината ја завршила со оперативна загуба од 20,16 милиони денари. Сепак, како и во 2012 година, благодарејќи на финансиските приходи од 21,34 милиони денари, компанијата успеала годината да ја заврши со добивка од 812.000 денари. Во споредба со 2012 година кога профитот бил 1,93 милиони денари добивката била значајно пониска. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести