Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУПАТА Г20 ЗА ЕКОНОМСКИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ВОЈНА И ИНФЛАЦИЈА: Ќе биде катастрофално

ГРУПАТА Г20 ЗА ЕКОНОМСКИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ВОЈНА И ИНФЛАЦИЈА: Ќе биде катастрофално

Највисоките финансиски претставници на Групата 20 водечки богати и земји во развој се состанаа денеска на островот Бали во Индонезија за да разговараат за стратегиите и економските последици од војната во Украина, инфлацијата и другите глобални кризи.

Индонезискиот министер за финансии Шри Мулијани Индравати го отвори дводневниот состанок повикувајќи ги колегите да најдат начини да „изградат мостови, а не ѕидови“.

Таа рече дека последиците од неуспехот ќе бидат „катастрофални“, особено за помалку богатите земји.

- Милиони и милиони, ако не и милијарди луѓе зависат од нас - рече Индравати, пренесе АП.

Состанокот на Бали следи по собирот на министрите за надворешни работи на Г-20 на истото место претходно овој месец за да се донесе заеднички став за руската војна во Украина и нејзините глобални импликации.

Меѓу членките на Г20 се и западните земји кои воведоа економски санкции кон Русија поради војната во Украина и земји како Кина и Јужна Африка, кои реагираа многу поблаго.

Рускиот заменик министер за финансии Тимур Максимов присуствува на состаноци на Бали, а министерот за финансии Антон Силуанов учествува виртуелно, велат изворите.

Фото: EPA/ MADE NAGI / POOL

Слично

Поврзани вести