Групацијата Веибо две години анализирала дали да инвестира во Македонија
Компанијата Веибо Груп, основана со турски капитал, а со седиште во Кина, во Македонија ќе вработи 5.000 луѓе во најголемата европска интегрирана текстилна фабрика што ќе ја изгради на 40 хектари.
Претседателот на управниот одбор на Веибо груп Алперин Селџук денеска се сретна со претставници на македонската Влада.
„Нашата главна цел е брзо производство на овие брендови во Македонија и нивна достава до светските пазари. Македонија како бизнис дестинација ја истражувавме две години, направивме споредби со другите земји и донесовме одлука, откако увидовме дека овде има квалификувана работна сила и пазар кој добро го познава текстилот“, изјави Селџук.
Според него, одличните односи меѓу владите на Македонија и Турција, исто така се една од причините поради која донеле одлука да инвестираат во Македонија.
Вкупната инвестиција на Веибо Груп во Македонија ќе изнесува 400 милиони долари, а компанијата очекува во првите пет години од Македонија да оствари извоз во вредност меѓу 600 и 800 милиони долари.
Слично
