Економија, финансии, бизнис

Контакт

Групацијата на луксузни хотели во Дубровник ќе се потпре на македонска работна сила

Групацијата на луксузни хотели во Дубровник ќе се потпре на македонска работна сила

Во следната зимска туристичка сезона, JLH Group планира да ги отвори сите свои хотели во Дубровник и да вработи речиси на ниво пред пандемијата од 2019 година. Престижната хрватска хотелска групација која управува со луксузните хотели и вили во Дубровник ќе вработи приближно 450 сезонски работници од вообичаената структура на работните места - собарки, келнери, чистачки, помошници во кујната. како и.нешто помалку готвачи и слаткари.

ЈЛХ активно учествува во сите активности на саемите за вработување, а за „Слободна Далмација“ од таму велат дека и оваа зима ќе се потпрат на работна сила од Македонија.

- Покрај интерните рекламни кампањи преку социјалните мрежи, се обидуваме да привлечеме кандидати и преку виртуелни саеми за вработување организирани од специјализирани агенции за вработување. Со македонска агенција за вработување имаме квалитетна соработка долги години, а од следната година планираме да ги истражиме можностите за соработка со агенции кои вработуваат работници од други пазари на труд - велат од компанијата.

Сепак, редовните саеми и помошта од агенциите за вработување од поширокиот регион веќе не се доволни, па потрагата по сезонски работници годинава се префрли на интернет и платформите за социјално вмрежување.

Страниците на агенциите за вработување се полни со совети, семинари и блогови како да се најдат квалификувани и квалитетни работници и како да се задржат таквите работници? Скоро секоја компанија има Фејсбук страница само за вработување.


Слично

Поврзани вести