Група насилници претепаа две момчиња кај Мавровка
Еден час пред полноќ, група насилници без причина нападнале две момчиња при излегувањето од кафулето Франк во Мавровка, јави телевизија Телма.
Со момчињата имало уште три девојки и уште едно момче, но тие успеале да побегнат.
Случаен таксист излегол од колата да ги спаси двајцата другари, при што напаѓачите се разбегале. Таксистот, веднаш го однесол во болница 18-годишното момче кое имало сериозни повреди. Таму тој бил задржан на интензивна нега, а потоа бил пренесен во шок соба.
Другото момче, 16-годишно, успеало само да побегне и се вратило дома, но потоа со неговиот татко отишло во болница,каде поради повредите го пренеле во Клиника.
Слично
