Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУЕВСКИ: Жената да биде успешна и на работа и дома

ГРУЕВСКИ: Жената да биде успешна и на работа и дома
Современата жена мора да биде успешна и во кариерата, но и во семејството, рече премиерот Никола Груевски, обраќајќи се на одбележувањето на 15-годишнината од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, жената се соочува со бројни предизвици, но пркоси и се бори на секое поле, а Владата презема мерки за полесно справување со овие предизвици. Претседателката на Унијата на жени Даниела Рангелова оцени дека во изминатите години во Македонија биле направени многу значајни чекори за подобрување на општествената улога на жената. Конференцијата под мотото „Дел од новото време, дел од нашето движење“, во чест на 15-годишнината од Унијата на жени се одржа денеска во Универзалната сала. Во својот говор на собирот, Груевски изрази сомнеж дека воопшто постои аферата „бомба“ што ја најавува опозицијата. „СДСМ во фаза на загревање почнаа да снимаат филмчиња. Едниот се вика „Одам бос по пасошки корици и докажувам со викање дека сум ВМРО-вец“, демек пасоши за избори се штанцале па потоа самите се демантираа оти никогаш не рекле дека биле за избори“, рече Груевски, додавајќи дека и најавената „бомба“, „тој филм, кој наводно е согласно стратегијата на опозицијата, најверојатно не постои, исто како и нивната партиска програма“. Шремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека народот гледа дека СДСМ не ги интересира државните интереси и граѓаните, туку само тоа како да дојдат до власта, „па ако треба и со измислување различни афери и опцијата да работат за туѓи дворови и интереси“.
Слично

Поврзани вести