Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Жалам за грешките со кои можеби некого сме повредиле

Груевски: Жалам за грешките со кои можеби некого сме повредиле
Со еден час задоцнување започна седницата за избор на новата влада. Со 69 гласа „за“ и ниту еден против пратениците го изгласаа дневниот ред, на кој единствена точка е расправата за новиот владин кабинет. Мандатарот Никола Груевски пред Собранието ја образлага Програмата за работа на идната Влада, за која исто така треба да се изјаснат пратениците и во чиј фокус ќе бидат економијата и интеграциите во НАТО и ЕУ. „Во идната Програма има зацртани 2.000 проекти. Планираме раст на БДП 3 до 6 проценти во целиот овој мандат. Инфлацијата да остане од 2,5 до 3 проценти годишно. Зголемување на кредитната поддршка на банките кон приватниот сектор, 30 нови странски инвестиции во кои ќе се вработат 10.000 граѓани и зголемен извоз до 10 проценти годишно. Платите, пензиите и социјалната помош ќе бидат зголемени, нови 64.000 места ни се планирани да бидат отворени. Планираме кредити и грантови за самовработување. Ќе изградиме 660 станови за ранливите лица, а ќе има зголемување на минималната плата“, вети Груевски. Но, не пропушти да се осврне и на актуелниот бојкот од опозицијата. Така, Груевски за добиениот мандат им честиташе на пратениците во пратеничките клупи, но и на „оние кои седат дома пред телевизорите, кои поради разни политики не се во Парламентот, а пред нецели два месеци ги молеа граѓаните да ги изберат“. „Сите ние имаме цел нашите граѓани да имаат поубав живот, но со различни принципи и идеоогии. Голема е едговорноста кон дадениот збор. Треба да се има добар тим со стручни компетенции и нивните чесни намери. Од 24 години демократија, овој предложен тим има добри успеси. Не велам дека правиме чуда или дека такво сме ветувале. Не сум ветил дека сме безгрешни. Но, направивме многу и народот тоа го оцени и процени. Со некои наши грешки може некој сме повредиле, и за тоа најискрено жалам“, рече Груевски пред пратениците. Новиот владин состав има 26 члена, од кои седум ќе бидат министри без ресор, а четворица потпретседатели на Влада.
Слично

Поврзани вести