Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Заев нема контрола врз СДСМ, се договараме едно, излегува друго!

Груевски: Заев нема контрола врз СДСМ, се договараме едно, излегува друго!
Комисијата за расвтелување на настаните од 24-ти декември не само што не моѓе да продолжи туку се заканува за нова политичка нестабилност. Двете најголеми партии во земјава повторно се оддалечени една од друга. Премиерот Груевски смета дека комисијата која треба да ги расчисти настаните од 24-ти декември, треба да продолжи со работа, и покрај оставката на Борче Давитковски. Таква потврда, според Груевски, дошла и од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со кого телефонски разговарале и се согласиле веќе од понеделник ад хок комисијата да продолжи со работа. Зошто сега СДСМ ретерира, според Груевски, одговорот треба да се бара во „сеништето во СДСМ“ - Зборував со Заев пред неколку дена, се договоривме комисијата да продолжи и без Давитковски.  Сега се јавува вториот глас, гласот на сеништето во СДСМ кое беше отсутно од активностите во СДСМ додека беше на одмор. Заев очигледно нема контрола над ситуацијата - рече Груевски. Опозициската СДСМ останува на ставот дека по оставката на претседателот, Борче Давитковски, тие да не учествуваат во работата на Комисијата која треба да ги расветли случувањата од 24 декември. По Фрчковски, кој вчера го соопшти овој став, денеска потврда стигна и од партискиот потпретседател, Дамјан Манчевски. „Социјалдемократскиот сојуз на Македонија целосно ги испочитува своите обврски кои произлегоа од мартовскиот договор. Го повикуваме претседателот Иванов, со оглед на тоа што ја формираше оваа комисија, да започне процес на консултации со двете најголеми политички партии, со цел да се надмине кризата на работата на комисијата. Договор за работа на комисијата без нејзиниот претседател апсолутно не постои“ - рече Манчевски на денешната прес конференција. Претседателот на Комисијата Борче Давитковски си поднесе оставка откако не можеше да ги усогласи ставовите на партиите околу извештајот за 24 декември.  
Слично

Поврзани вести