Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Заев ако има ронка доверба во себе нека распише предвремени градоначалнички избори

Груевски: Заев ако има ронка доверба во себе нека распише предвремени градоначалнички избори

Ако Зоран Заев има барем малку доверба во себе и во својата политика, го повикувам да распише предвремени градоначалнички избори во Струмица оваа есен, особено после онаа видео снимка на која отворено и срамно бара мито од бизнисмени, раскажува како тоа таков бил редот за земање арач од сите, за работи кои се обврски на општината да ги заврши на секој еден граѓанин.

Ова го изјави денеска премиерот Никола Груевски на 24-та годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа денеска во Скопје.

Премиерот уште додаде дека доколку Заев биде премиер, истото ќе почнел да го прави и со сите домашни и странски компании, кои една по една ќе почнат да се повлекуваат и да ги затвораат новоотворените работни места.

„Независно дали тој или некој друг од овој тим ќе биде премиер, а самиот Заев шеф на партијата. Бидејки моќта секој еден политичар ја црпи од партијата, за која народот се произнесува на избори, рече Груевски осврнувајќи се на критиките кои опозицијата му ги упатуваше во врска со субвенциите кај земјоделците.

- И гледам пред некој ден, објавиле дека преку давањето субвенции на земјоделците власта го купувала тој Иво од кого Заев најбезобазно бараше мито за себе и за брат му. А да го прашам јас од оваа говорница: владата дава субвенции и на неговите фирми кои произведуваат корнишони. Да не го поткупивме ние и Заев со субвенциите што ги зема за да работи за ВМРО и да снима риалити шоу за земање мито и личен данок од бизнисмените, за чисто онака да ни учини. И онака самиот изјави дека богаството го направил во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.

Слично

Поврзани вести