Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски за Скопје: Ќе продолжиме со нашиот градителски бран!

Груевски за Скопје: Ќе продолжиме со нашиот градителски бран!
Зголемени се пензиите и социјална помош, вратени се парите на стопанствениците, ние го исполнуваме ветеното и се држиме до зборот, истакна премиерот Никола Груевски за време на денешното претставување на кандидатите за градоначалници и носителите на советничките листи за Град Скопје и скопските општини. Во програмите за Град Скопје и неговите општини, Груевски посочи дека има 1.274 проекти. „Нашите политички противнци не се потрудија да напишат ниту програма, ниту да понудат барем едно дело, проект, реформа или мерка. Затоа и ќе изгубат, затоа што граѓаните не сакаат да ги потцениш и да не се потрудиш да седнеш и да размислиш и барем да излезеш со предлог пред нив. Им ја бараш довербата, а не ги почитуваш со тоа што не им нудиш политички производ за да те поддржат. Тоа е крајно неодговорно“, рече тој пред своите поддржувачи повторувајќи дека делата се она по што нивата партија се разлуква од останатите. Тој потсети на дел од реализираните проекти, како што е жичарницата до Водно, националната арена Филип Втори, новите градски автобуси, проширените и реконструирани булевари и улици, катни гаражи…, како и на изгледот на „Илинденска“, „Партизански Одреди“, „Митрополит Теодосиј – Гологанов“, „Свети Климент Охридски“, „Првомајска“ и другите булевари пред четири години. „Никогаш повеќе од сега Скопје не се градело. Ќе продолжиме со нашиот градителски бран, тоа е ветување кое е наша обврска кон десетици илјадници работници во градежниот сектор и тројно повеќе работници во секторите поврзани со градежништвото. Тоа е наша обврска кон десетици илјади семејства, затоа што ние ниту се плашиме, ниту бегаме од работа. Знаеме што е отворање нови работни места, за разлика од нашите политички конкурентни не отпуштавме луѓе од работа, туку вработувавме, не разурнувавме објекти, туку градевме и така и ќе продолжиме“, рече Груевски. Приоритет во Скопје најави дека ќе биде отворањето нови работни места. „Зоната Бунарџик ќе продолжи да се полни со инвеститори, а секоја од фабриките да вработува работници. Повеќето општински индустриски зони кои ќе ги изградиме комплетно, истакна тој, на секој дел од Скопје ќе обезбедат дополнителни инвестиции и фабрики, нови бизниси и нови вработувања“ посочи Груевски и додаде дека посебно внимание ќе се насочи на политиката на домување, обезбедување нови локации за населби, ширење на просторот за живот.
Слично

Поврзани вести