Груевски за независноста: Само обединети може да напредуваме
Своја порака за 8 септември испрати и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој на граѓаните им го честиташе Денот на независноста на Република Македонија.
„За овие 25 години покажавме дека иако не сме огромна држава со неброени ресурси, имаме многу луѓе со големо срце и нескршлива волја кои се способни да изградат силно демократско општество во своја сопствена држава. Ги демантиравме сите оние кои не веруваа во идејата за независна Македонија“, се вели во честитката до граѓаните на лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Само обединети, смета Груевски, можеме да ја носиме нашата земја во новото време со сите предизвици и ситуации кои времето ги носи со себе.
Слично
