ГРУЕВСКИ ЗА ИЛИНДЕН: Народот на слободни избори ќе покаже дека господари со Македонија!
„Ветувам, дека додека ме држи последниот атом од силата ќе работам да ги остварам ветувањата, да решиме што поголем број проблеми, дела, да направиме проекти, за Македонија, за секој поединец“ изјави Груевски на денешниот собир во Трново.
Тој рече дека местото на политичарот е меѓу народот, а не само да плукаш и ништо да не кажуваш.
„Народот чека на слободни и фер избори да каже дека граѓаните се господари на ова парче земја. Сите без притисок да одлучат кому ќе му го дадат гласот, сакаме мир и развој, просперитет, соживот“ се осврна Груевски на сегашните случувања.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ не исклучи да повтори дека „ВМРО е Македонија, дијаспората историјата, ВМРО е иднината. Тоа е код на македонската борба за слобода и успех, синониум за патриотизам, слобода, независност“.
Слично
