Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски за Гардијан: Македонија е подготвена за дијалог со Грција за името

Груевски за Гардијан: Македонија е подготвена за дијалог со Грција за името

Македонските власти се подготвени на дијалог со Грција за прашањето со промената на името, најавиl премиерот Никола Груевски во интервју за весникот "Гардијан", пренесуваaт медиумите.

"Сакаме што е можно поскоро да започнеме дијалог со Грција, за да се најде решение. Ако го најдеме, ќе треба да се свртиме кон граѓаните и да организираме референдум", изјавил тој за британскиот весник.

Атина наложи промена во името што се совпаѓа со името на грчка провинција. Тоа според мислењето на грчките власти може да доведе до територијални претензии.

Поради тоа на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година Грција ја блокираше постапката за приемот на Македонија во Алијансата.

Слично

Поврзани вести