Груевски за АФП: После избори на 5 јуни, спремен сум за уште едни!
Екс премиерот Никола Груевски вели дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ е спремна за вонредните избори закажани за наредниот месец и покрај бојкотот на опозицијата и меѓународното неодобрување, а дека после нив бил „веднаш спремен“ за уште едни како на граѓаните би им дал шанса да бираат.
Груевски, кој се повлече од функцијата на 10 јануари после 10 години на власт како би овозможил предвремени избори, рекол во изјава за Агенцијата Франс прес дека Македонија во наредните месеци би можела да има две изборни гласања.
Ова агенција потсетува дека македонскиот парламент е распуштен во април во рамки на договорот на ЕУ за крај на политичката криза во земјата и уличните протести, но дека од големите партии единствено ВМРО ДПМНЕ се пријавила за избори на 5 јуни. Ривалите на Груевски најавија бојкот со тврдење дека не се исполнети условите за слободни избори.
„Ние сега сме во многу непријатна ситуација како една од големите четири партии која излегува на избори“; рекол Груевски.
Тој наведува, дека ако има гласање наредниот месец како што очекува, дека неговата партија после формирањето на новиот парламент ќе биде „спремна за уште едни избори“ и дека ќе им даде „шанса на граѓаните да гласаат“.
„Ние сакаме заслужена победа“, рекол Груевски.
Протести против Груевски и одржувањето на предвремени избори, се одржаа и вечерва во Скопје и ширум земјава.
