Груевски vs Петковски: Судот одлучува дали има клевета
Премиерот Никола Груевски и претседателот на НСДП, Тито Петковски се сретнаа на суд. Премиерот го тужи Петковски за клевета, поради тоа што во изјава од минатаат година за Фокус кажал дека Груевски официјално предложил преку писмо до генералниот секретар на Обединетите Нации во 2008 , новото име на земјават да биде Република Македонија - Скопје.
„Тоа не е точно. Никогаш такво писмо не сум испратил и затоа поднесов тужба за клевета за да се докаже дека тоа не е така. Ќе потенцирам дека во пресудата на Хашкиот трибунал во точката 136 јасно стои дека постоел предлог од медијаторот Метју Нимиц за решение на проблемот наметнат од Грција поврзан со нашето уставно име кој дошол непосредно пред Самитот на НАТО во Букурешт и за кој ние сме изразиле волја да го дадеме на референдум за сите граѓани да можат да одлулат дали тој е прифатлив. Стануваше збор за предлогот Република Македонија во заграда Скопје, изјави премиерот Груевски откако го даде својот исказ во Основниот суд Скопје 2“, истакна Груевски во своето двочасовно излагање пред судот, за како што беше посочено, душевната болка што му била нанесена со оваа изјава.
Петковски пак се бранел дека немало клевеата, а истакнал и дека е револтиран од работењето на Судот.
„Судот му удоволува на премиерот наместо да го почитува правото. Овој процес нема да го зголеми рејтингот на премиерот, туку ќе го намали угледот на Судот“, забележал Петковски.
Со оваа тужба Груевски сега бара Петковски да плати отштета од 15 илјади евра за нанесување штета на честа и угледот. Петковски пак забележа дека премиерот е човек што не трпи навреди, но своите говори ги користи за навреда врз други лица.
Слично
