Груевски во Виена – австриски компании заинтересирани за влез во Македонија?
Неколку австриски компании изразиле интерес за инвестирање во Македонија по бизнис форумот што во Виена го организираше македонската делегација, предводена од премиерот Никола Груевски.
„Во Македонија гледаме можност за пристап до голем пазар. Сакаме да ја развиеме и прошириме компанијата од ЈИЕ во светски снабдувач на нашите производи. За да го оствариме тоа потребни се одредени инвестиции во неа. Се надевам дека нашите бизнис-планови ќе се остварат, дека ќе инвестираме, ќе вработиме луѓе, ќе изградиме потребни капацитети“, изјавил Манфред Рајснер од „Кнор Бренсе“ компанија која изработува сопирачки за возови.
Оваа компанија во Скопје веќе ја отвора фирмата „Ека“ која се занимава со тестирање на сопирачки на возови и нивна продажба и која ќе стане целосно оперативна од 1 март.
Интерес за инвестирање во Македонија изразила и Сабина Кидс од компанијата „Алса“. Таа вели дека нивната компанија го проучува македонскиот пазар неколку години и смета дека нуди многу добри услови и можности за странските инвеститори.
Австрија во моментов е втор најголем инвеститор во Македонија.
„Ние сме овде за да помогнеме таа да стане првa. Овде сме да им дадеме информации на компаниите кои сакаат да ги искористат можностите што ги нуди Македонија“, истакна премиерот Никола Груевски на бизнис форумот што Владата во соработка со Фајненшл Тајмс го организираше синоќа во Виена.
На форумот пред 100-тина австриски бизнисмени, Груевски ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија.
Слично
