Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски во САД бара инвеститори за слободните здравствени зони

Груевски во САД бара инвеститори за слободните здравствени зони
Концептот на слободни здравствени зони кои има намера да ги отвори Владата бил презентиран од премиерот Никола Груевски и владината делегација во САД, за време на посетата на медицинскиот центар „Роналд Реган“ во Лос Анџелес. Им го претставиле концептот на слободни здравствени зони и ги поканиле да размислат и да проучат евентуално нивно вклучување во овој проект. „Тие иако немаа такви излегувања надвор од Америка, покажаа интерес особено ако најдат некоја компанија која би ја изградила болницата, а тие да влезат со своето знаење и искуство. Тоа им е посебно интересно и доколку се вклучат и се кандидираат да отворат болница тогаш таа би била регионална за целиот поширок регион“, вели Груевски. Освен ова, со претставниците на овој медицински центар разговарале и за проширување на веќе воспоставената соработка за обука на македонски лекари. До сега вкупно 29 лекари оствариле пракса и работа во Лос Анџелес при што изучувале нови методи на работење кои што веќе започнале да се применуваат и во Македонија. Груевски најавува значително зголемување на бројот на лекари кои ќе одат на обука во овој центар во иднина, а американските лекари добија покана за подолг престој во Македонија и работа на некоја од македонските клиники. „Постои одлична размена на знаења. Од аспект на развој на соработката во други сфери на медицината заинтересирани сме за соработка во сферите на хирургијата, анестезиологија, рано откривање на ризични болести. Но, и во развивање на соработката во сферата на болничкиот менаџмент, во поставувањето на систем на грижа за луѓето која е добра ефикасна и квалитетна. Многу сум задоволен од она што го прави Македонија за здравствениот систем и заложбата да стане магнет за здравствена заштита во регионот“, вели директорот на овој медицински центар Томас Коутс. „Роналд Реган“ медицинскиот центар е еден од најзначајните медицински центри во САД кој е истовремено и универзитетски центар каде се развиваат повеќе научни процедури и постапки.
Слично

Поврзани вести