Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски во потрага по инвестиции во Велика Британија

Груевски во потрага по инвестиции во Велика Британија
Македонскиот премиер Никола Груевски заедно со владин економски тим од утре ќе престојува во економска работна посета на Велика Британија. Владиниот тим, во кој учествуваат и вицепремиерот Зоран Ставревски и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо, во Ливерпул ќе присуствува на „Глобалниот економски форум 2014“ кој што се одржува како дел од програмата на глобалниот економски настан „Интернационален фестивал за бизнис“. Ваквиот форум е прилика за размена на искуства за актуелните економски предизвици како и за можностите кои се ставаат на располагање за продлабочена економска соработка, очекува Владата. Во рамките на посебната сесија посветена на темата за раст на пазарите на земјите во развој и нивното влијание врз Европа како и за можностите за бизнис кои се нудат под влијание на неодамнешната криза, свое обраќање ќе има и вицепремиерот Ставрески при што ќе го пренесе македонското искуство од оваа област. Како дел од редовната програма на Глобалниот економски форум 2014, во соработка со групацијата „Фајненшл Тајмс“ ќе се одржи и Инвестициски форум посветен на Република Македонија каде владиниот тим предводен од премиерот Груевски ќе елаборира за можностите за правење бизнис и инвестиции во Република Македонија, како и за можностите за соработка на британските и меѓународните бизниси и нивно инвестирање во Македонија. Во рамките на престојот премиерот Груевски се очекува да посети и повеќе медицински центри во Велика Британија каде ќе се разгледат можностите за остварување на соработка и размена на медицински персонал и негова обука.
Слично

Поврзани вести