Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски во ненајавена посета на Италија и Ватикан

Груевски во ненајавена посета на Италија и Ватикан

Премиерот Никола Груевски, чиј авион вчера поради дефект принудно слета во Цирих при враќањето од Стразбур за Скопје, денес отпатувал во ненајавена посета на Италија и Ватикан.

Се очекува дека Груевски, кој од Цирих во Италија отпатувал со комерцијален лет, ќе го прими поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо, иако таа посета претходно не е најавена, јавува Телма.

Останатите членови на македонската делегација, кои патуваа со премиерот, денес во Скопје пристигаа со комерцијален лет.

Авионот, поради кој дефект мораше принудно да слета во Цирих е испратен во Германија на сервис. Авионот „лирџет 60“ и припаѓа на владата, а е купен во 2005 г.

Лирџетот досега неколкупати имал технички проблеми. Пред седум години откажаа сензорите во авионот поради прекин на жица со која биле поврзани 18 системи на леталото.

Груевски се враќал од Стразбур каде во вторникот вечерта разговараше со лидерот на СДСМ Зоран Заев за решавање на политичката криза во земјава.

Слично

Поврзани вести