Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски во Лондон: Приоритет е енергетиката и патиштата!

Груевски во Лондон: Приоритет е енергетиката и патиштата!
Регионот на Западен Балкан е поволна дестинација за инвестиции, а клучот за економски и социјален напредок на целиот регион е енергетиката и соработката во областа на инфраструктурата и транспортот, изјави премиерот Никола Груевски на конференцијата „Инвестирање во Западен Балкан“, што се одржа во Лондон во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). „Во изминатите години Владата на Реублика Македонија спроведе длабоки политички, економски и социјални реформи. Во економскиот дел тие беа насочени кон изнаоѓање решенија за клучните предизвици – одржување на макроекономската стабилност, отворање нови работни места, намалување на невработеноста, одржување соодветно ниво на фискалниот и буџетскиот дефицит, подобрување на бизнис опкружувњето и инестициската клима, зголемување на извозот и туристичка промоција“, рече премиерот Груевски. Од проектите за регионално инфраструктурно поврзување ги спомена активностите на изградбата на патните коридори 8 и 10, како и договорот потпишан со Руската федерација за изградба на крак од гасоводот Јужен тек. „Почнавме со проектите и сме сконцентрирани на нивно завршување и комплетирање во следните неколку години. Чебрен и Галиште и Вардардарска долина се дел од нашите приоритети. Енергетската ефикасност е едно нешто што е постојано на листата на нашите приоритети. Наша визија за овој сектор е ефикасно да се користи енергијата и тоа преку границите“, рече премиерот Груевски. На конференцијата учествуваа премиерите на сите земји од регионот, а целта на состанокот е да и помогне на ЕБРД да ги издвои приоритетните проекти за финансирање на Западен Балкан во следниот период. До сега, оваа банка во регионот инвестираше околу 10,5 милијарди евра, а само минатата година одобри 80 проекти со вкупна вредност од 1,2 милијарди евра. ЕБРД е и еден од најголемите инвеститори во Македонија - до јуни 2013 година во земјава има одобрено 82 проекти со вредност од 2.174 милиони евра, од кои најголемиот дел во инфраструктурата, енергетиката, финансискиот сектор и во индустријата, трговијата и агробизнисот.
Слично

Поврзани вести