Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУЕВСКИ ВО ЛАС ВЕГАС: Американски компании најавиле инвестиции во Македонија

ГРУЕВСКИ ВО ЛАС ВЕГАС: Американски компании најавиле инвестиции во Македонија
Со бизнис форум во Лас Вегас, премиерот Никола Груевски и владината делегација ја завршија бизнис посетата на САД, во рамките на која ги презентираа можностите за вложување во Македонија. Лас Вегас претставува значаен економски и туристички центар, каде се присутни најголемите хотелиерски компании во САД и фирми кои се занимаваат со игри на среќа, но и компании од нафтената и прехранбената индустрија, како и информатичката технологија. Груевски ја оцени турнејата низ САД како повеќе од успешна. „Има голем интерес и доста прашања на презентациите, многу лични контакти после самата презентација, неколку од нив објавија доаѓање во Македонија да се информираат подетално, a дури неколку од нив објавија дека ќе инвестираат во Македонија. Ќе ги продолжиме контактите со повеќето од нив. Особено со оние кои размислуваат да инвестираат во Македонија“, вели тој. „Ние доаѓаме од нафтената индустрија во Невада и соработуваме со многу влади. Добро е што Македонија има добра филозофија да го направи работењето на компаниите полесно, ефикасно и да соработува со нив за да ги направат поуспешни во нивното работење“, изјави Ричард Крафорд, сопственик на компании од нафтената и прехранбената индустрија на САД. Во рамките на турнејата, македонската владина делегација се претстави пред бизнисмените во Њујорк, Чикаго, Лос Анџелес и Лас Вегас. Интерес за бизнис климата во Македонија покажале и филмските компании „Волт Дизни“ и „Ворнер Брос“, а Груевски се сретнал со претставници на двете компании.  
Слично

Поврзани вести