Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски во Куманово, Заев во тетовско!

Груевски во Куманово, Заев во тетовско!

Двајцата политички опоненти, прмиерот и лидер на владеачката ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и опозицискиот лидер Зоран Заев денес остваруваат среди со граѓаните.

Едниот во Кумановскиот регион, другиот на запад во Тетовско.

И двајцата се сретнаа со граѓаните и разговараа за животот и проблемите со кои се соочуваат.

Премиерот ги информираше кумановчани и граѓаните од  неколку населени места за проектите на Владата во овие региони, додека тие му се пожалија за проблемите со кои се соочуваат, а жителоите на село Романовце му посочија за проблемот со канализацијата.

nagoricane1-500

Премиерот им рече дека издвојуваат финансии за вакви проекти, јо градоначалникот треба најпрво да достави барање до Владата.

Заев пак ги слушна проблемите на младите тетовчани.

Тие му се пожалија за наталожените економски проблеми и безперспективноста за кои велат се главните причини што малдите бегаат од државата аоОние што останале мака мачат со секојдневието.

Заев ги охрабри Тетовчани од чекорите што ги превзема опозицијата. Им посочи дека даваат силна поддршка за враќање на слободата, демократијата и правдата за сите граѓани.

Zaev_tetovsko 2

„Мултиетничко Тетово сака подобр живот. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи....сите граѓани на Македонија сакаат подобар живот“, побараа граѓаните од Заев.

Заев ги ислуша граѓаните и повика на заедништво за конечна промена, а премиерот им порача дека со помош на нова канцеларија која ќе се отвори во Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и руралниот развој со што ќе се излезе во пресрет на земјоделците да не патуваат за поднесување барања за субвенции.

Слично

Поврзани вести