Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски во дводневна посета на Шпанија

Груевски во дводневна посета на Шпанија

Премиерот замина за Шпанија каде ќе помине два дена и ќе присуствува на Конгресот на Европската народна партија .

Посетата е од политичко-економски карактер.

Конгресот ќе се одвива во два дела а на првиот дел ќе се разговара за актуелните предизвици на европскиот континент, економијата и потенцијалите за раст, одржливиот регионален развој и отворањето нови работни места, развојот на информатичкото општество и технологиите, а ќе се дебатира и за предизвикот со илегалните мигранти и за развојот на Eвропската унија и европските политики на интеграција.

Во овој дел предвидено е и премиерот Груевски да има збор, додека на вториот дел од Конгресот ќе се избира претседател на Европската народна партија, потпретседатели и генерален секретар на Европската народна партија.

Високи европски претставници ќе бидат дел од овој настан а меѓу присутбите се најавуваат и  германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, премиерот на Португалија, Педро Пасос Коело, премиерот на Ирска, Енда Кени, премиерката на Летонија, Лаимдота Страујума, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јунер и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Во текот на посетата Груевски на бизнис форум ќе има можност да ја претстави Македонија како потенцијална земја за инвестирање.

Слично

Поврзани вести