Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски во Брисел, малку за економија, малку за името!

Груевски во Брисел, малку за економија, малку за името!
Самитот на ЕПП пред се за економијата,  но за Македонија и премиерот Груевски можност за разговори за проблемот, со името, една од пречките што стојат на македонскиот пат кон ЕУ. - Имаше долги дискусии за различни прашања, но доминираше дискусијата за економијата. Она што исто така беше споменато беа изборите што следуваат во Европската унија. Беше отворено тоа прашање, но не во некоја голема мера оти за тоа ЕПП ќе има специјален самит во ноември. Но, ова беше добра можност и да се направат многу лични контакти, за неформални средби со повеќето од присутните и јас ја искористив шансата да разговарам со нив за прашања главно поврзани со Македонија, вклучително и нашиот главен проблем, а тоа е блокадата што овие пет години ја имаме за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ –  вели Груевски. Според информациите од ЕПП, тема на денешниот Самит бил буџетот за следната година, но и за финансиската состојба на ЕУ во наредните седум години оти во моментов Европската комисија има кусок од 2,7 милијарди евра. Груевски, се очекува да има средба и со еврокомесарот Штефан Филе, која доаѓа истовремено со преговорите за името што се одржуваат во Њујорк.
Слично

Поврзани вести