Груевски вината за неуспехот на преговорите ја префрли на Заев
Преговорите биле детални но не донеле никавкви резултати, ова е заклучокот кој пред малку е соопштен од Брисел.
Веднаш после завршувањето на преговорите, кои завршија неуспешно, премиерот Груевски излегол со изјава.
Алсат-М пренесе дека тој целата вина за неуспехот на преговорите ја префрлил врз опозицискиот лидер Зоран Заев.
Груевски рекол дека Заев во Брисел отишол да преговара ама не и да се договори, и поради сето ова ќе трпи економијата и целата земја.
На прашањето што понатаму, премиерот истакнал дека е подготвен за суштински договор со опозицискиот лидер, и уште еднаш истакнал дека поради однесувањето и барањето на Заев преговорите не биле успешни.
Еврокомесарот Хан пак на својот Твитер профил искажа разочараност од средбата .
„Нема договор во разговорите за БЈР Македонија. Разочаран поради недостатокот на одговорност и лидерство од некои“, напиша тој.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/JHahnEU/status/608753007954657281[/embed]
Слично
