Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски ветува нови инвестиции и работни места

Груевски ветува нови инвестиции и работни места

Три нови странски инвестиции и неколку илјади работни места, денеска најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето во вестите во Сител.

Тој рече дека со мерките за вработување од владиниот оперативен план за оваа година предвидено е да се вработат 13 500 лица. Повеќе од половината, поточно 8 700 лица оваа година треба да бидат директно вработени.

Предвидени се и 28 мерки во насока на финансиска поддршка, обуки, започнување на сопствени бизниси, поддршка за вработување на социјално ранливите лица и на лицата со посебни потреби.

Груевски ги повика сите невработени кои што кои активно бараат работа да се осврнат на Агенцијата за вработување, да отидат до подрачните единици на Агенцијата и да побараат информации околу овие мерки.

Слично

Поврзани вести