Груевски ветува дупло повеќе пари во туризмот годинава
Владата годинава ќе ја зголеми поддршката за развој на туризмот со двојно повеќе средства од лани, изјави премиерот Никола Груевски. тој појасни дека предвидени се 150 милиони денари во делот на Агенцијата за туризам, а освен тоа ќе се вложува и во меѓународна медиумска промоција на туристичките потенцијали на земјата.
„Охрабрени сме од минатата година, додаде, затоа што имаше 26 отсто раст на странски туристисти и шест отсто домашни во споредба со 2012 година. Тоа покажува дека правецот е добар“, истакна Груевски.
Тој верува дека ова е резултат на многу чекори што беа преземени од страна на Владата, меѓу кои се и давањето субвенции на тур-операторите кои носат туристи во Македонија, на авиокомпании и меѓународната медиумска промоција на земјата.
Новина е тоа што од оваа година во овој буџет за туристичка промоција се слеваат пари и од игри на среќа. „Четириесет милиони денари од овие пари ќе бидат директно од игрите на среќа“, вели Груевски.
Слично
