Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски верува дека штрајкот во образованието е трка за реизбор на раководството на СОНК

Груевски верува дека штрајкот во образованието е трка за реизбор на раководството на СОНК
Одлуката за одржување на штрајк во образованието на 29 септември е во функција на задржување на позициите на актуелното раководство на СОНК пред изборите за нови органи во синдикатот, оцени премиерот Никола Груевски во вестите на Сител ТВ вечерва. Сепак, Груевски нагласува дека „ ја почитува одлуката за штрајк на синдикатот на образованието“. „СОНК беше синдикат кој континуирано даваше поддршка за проектите на владата, бидејќи велеа дека е и многу повеќе од што очекувале, тоа јавно го говореа, дека ќе се сработи и дека биле многу задоволни. Сега пред еден месец најавија штрајкови. Анализиравме на што се должат тие сменети односи од нивна страна и разбравме дека престојат избори“, вели Груевски. Тој верува дека „наставниците и сите оние кои се повикани на штрајк се на некој начин или треба да бидат ставени во функција на интересите на раководството на СОНК“, кое пред реизбор треба да покаже цврст став и дека нешто сработило. „Јас не велам дека се е розово, далеку од тоа, дека нема проблеми, не велам дека платите не треба да се не за 5 посто, за 500 посто зголемени, и секако дека доколку тоа би можеле би го направиле, меѓутоа работите одат чекор по чекор, како повеќе доаѓаат инвестиции и приходи во буџетот, така повеќе и ние се трудиме да ги зголемуваме платите“, нагласува Груевски.  
Слично

Поврзани вести