Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски вели дека е спречен пуч, Заев ги повика граѓаните да си ја вратат Македонија!

Груевски вели дека е спречен пуч, Заев ги повика граѓаните да си ја вратат Македонија!
Акцијата ПУЧ за премиерот е спречување државен удар, за лидерот на опозицијата, почеток на враќање на слободата. Го гледав и го слушав шефот на македонската опозиција со каква гордост, самоувереност и возвишеност ме информира дека странска разузнавачка служба го снабдила со нелегално и противзаконски, противуставно стекнат материјал, делумно монтиран, со цел да оствари некоја своја цел, нагласува Груевски.. Постојат цврсти и непобитни докази за ова сторено дело за кое денес е поднесена кривична пријава, рече Груевски. -Станува збор за голема штета за држава, за креирано сценарио. Не можев да верувам дека човекот кој сака да ја води државата не крие дека соработувал со странски разузнавачки служби. Рече дека со нив имал серија средби и пак побара техничка влада. За сето ова што го говорам постојат цврсти и непобитни докази, истакна Груевски. Лидерот на опозицијата пак, ги повика сите граѓани да го вратат владеењето на Уставот. - Само сакам да кажам. Охрабрете се граѓани сите и радувајте се. Ова е почеток на враќање на слободата и демократијата во Македонија. Вистината ќе излезе на виделина пред очите на целата македонска јавност. Ги повикувам сите граѓани, без разлика на нивната национална и верска определба, да се приклучат, во рамките на Уставот и законот, да си го вратиме владеењето на Уставот наш, на законот наш, да си ја вратиме Mакедонија. Да бидеме слободни граѓани, да имаме посветла иднина за сите нас – изјави Заев од пред седиштето на СДСМ.
Слично

Поврзани вести