Груевски – Ван Ромпуј: Евроинтеграцијата на земјава зависи од сите членки на ЕУ
На десетина дена пред Самит на ЕУ каде ќе се расправа за почеток на пристапните преговори со Македонија, премиерот Никола Груевски се сретна со претседателот на Европскиот Совет, Херман ван Ромпуј на кого му ги претставил напорите на владата за приближување во ЕУ.
„Мислам дека господинот Ван Ромпуј директно од нас доби вистинска слика за она што се случува во Македонија оти кај секој политичар овде пристигнуваат различни информации од различни страни. Ценевме дека е добро да ја слушне нашата страна, да му ги презентираме нашите аргументи, тоа го направивме, како во делот на реформите, но и во сите други области што се значајни и за кои тој пројави интерес“, вели за МИА , Груевски од Брисел.
Според премиерот, притоа фокусот бил ставен на реформите во делот на економијата, судскиот систем и администрацијата, како и на најновиот закон во овој дел.
Ван Ромпуј, покажал пак интерес за напорите и чекорите што ги прави Македонија, но повторил и дека за отворањето на преговорите за членство треба согласност од сите членки на Унијата што пак покажува дека спорот со името е главен проблем.
На 17 декември, на состанокот меѓу министрите за надворешни работи на Советот за општи работи на Европската унија, ќе биде објавен заклучокот за Македонија. Претходните години, по пораките за Македонија, Европскиот совет ја прифаќа препораката на Европската комисијата, но се појаснуваше дека на ова прашање ќе се навратат на следното претседателство.
Слично
