Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски тврди дека ДУИ останува во Владата, но со нови министри!

Груевски тврди дека ДУИ останува во Владата, но со нови министри!

Нови министри ќе дојдат на местото на оние кои поднесоа неотповикливи оставки од редовите на ДУИ, открива денеска екс премиерот Никола Груевски.

Тој истакна дека ДУИ не ја напушта Владата, туку ќе ги замени своите кадри.

„ДУИ не е замината од власта и според она што јас го знам е дека таа партија ќе изврши замена на своите кадри“  изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Груевски после одлуката на ДУИ да се повлечат министри од Извршната власт, вели дека немал средба со лидерот Али Ахмети.

На оваа изјава на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ од ДУИ засега молчат и не реагираат на овие излагања.

Завчера вечерта беше соопштено дека ДУИ, односно министри на таа партија ќе поднесат оставки. Како причина за овој чекор на Ахмети се наведуваат пласираните незаконски прибавени аудио снимки во јавноста.

Се очекува оставките да бидат констатирани во понеделник уште на првата седница на дневен ред.

Слично

Поврзани вести