Груевски: Трајковски може пак да конкурира за директор
Премиерот Никола Груевски, за објавениот конкурс за директор на Управата за јавни приходи, вели дека на досегашниот директор Горан Трајковски, му истекол мандатот. Тој рече дека Трајковски ако сакал може пак да се пријави на конкурсот.
,,На директорот на УЈП му завршува мандатот на 17 август годинава и нормално е согласно Законот да се објави оглас, бидејќи поинаков начин не постои да се назначи нов директор. Најдобрите и најквалитетните кандидати ќе бидат интервјуирани и ќе бидат проверени нивните квалификации по што ќе се одберат најдобрите и најсоодветните кандидати"- изјави Груевски.
Слично
