Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: терористите планираа масовни убиства!

Груевски: терористите планираа масовни убиства!
Разбиената терористичка група во Куманово планирала масовни убиства со цел дестабилизација на Македонија со напади врз различни цели како шопинг молови и спортски натпревари со што можело да дојде до убиство на 8 илјади луѓе, рече денеска премиерот Никола Груевски. Тој рече дека полицијата ја имаше досега најтешката, најсложена и најкомплицирана операција која била водена крајно одговорно, професионално и посветено. Груевски рече дека во акцијата учествувале полицајци од сите етнички и верски заедници. За жал, загубивме осум луѓе кои заедно со своите колеги спречија убиство на можеби 8.000 лица. Нивната жртва никогаш нема да се заборави – изјави Никола Груевски, премиерот на Република Македонија кој јавно им честиташе на сите припадници на безбедносни сили кои учестуваа во акцијата во Куманово. Тој им се заблагодари на сите граѓани во Македонија кои не подлегнаа на притисоците. – Ова не е македонско-албански судир, туку на оние кои не и сакаат добро на државата. Тоа им носи штета на сите – рече Груевски.
Слично

Поврзани вести