Груевски: Стратешката цел на Македонија останува членството во ЕУ и НАТО
Стратешката цел на Македонија e да стане полноправна земја-членка на ЕУ и НАТО. Ова е во интерес на сите граѓани и ќе доведе до подобра иднина, економски раст и развој, како и зајакнување на мирот и стабилноста на земјата и на целиот регион. Тоа го изјавил македонскиот премиер Никола Груевски на дебата во Брисел, пренесува МИА.
Според него стабилност може да се постигне преку проширување а проширување се постигнува преку стабилност.
"Земјите од Западен Балкан имаат направено голем напредок и многу значајни достигнувања во процесот на европска интеграција во последните две децении. Процесот на градење на демократските општества е неповратен во сите земји.
Перспективата на членството во Европа е движечка сила за стабилноста и просперитетот во земјите од Балканскиот регион. Затоа ни треба повеќе моќна Европа, енергична Европа и посветена Европа ", истакнал Груевски.
Тој посочил дека ЕУ треба да продолжи да го прави она што го прави најдобро, имено со помош на силата на членството да ги трансформира земјите во соседството.
Македонскиот премиер рече дека додека Македонија се реформира и развива, целта на крајот од тунелот е членство во ЕУ и НАТО.
Потсетуваме дека пред синоќа во Брисел се одржаа преговори за решавање на политичката криза меѓу политичките л идериво Македонија, кои сепак завршија без успех.
