Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Странските инвестиции и градежништвото не спасија од рецесија

Груевски: Странските инвестиции и градежништвото не спасија од рецесија
За излезот од рецесија на економијата клучни фактори  беа градежништвото и на привлекување крупни мултинационални компании, изјави премиерот Груевски, во врска со растот на БДП од 0,2 проценти за третиот квартал од годинава. -Ме радува овој податок затоа што денеска во време кога голем број од државите во Европа сè уште тонат во рецесија или некои од нив штотуку влегуваат, со сите напори што ги направивме за раздвижување на економијата се успеа некако да се излезе од рецесијата. Успеавме да ги раздвижиме работите, иако тоа не е доволно`, рече Груевски. Според премиерот за излезот од рецесијата клучни се две работи - големата поддршка на градежништвото и странските инвестиции, токму затоа се фокусиравме на градежништвото и отворивме голем фронт на градежни работи. -Иако не критикуваа зошто се гради ова или она, но тоа на некој начин ја влече економијата во овие години, првин на светска криза, а потоа и и на европска должничка криза. Втората значајна работа е што успеавме да привлечеме крупни компании што сега се главно моторна сила на економијата. Оваа година „Џонсон Мети“ го зголемува извозот за 18 проценти, а „Џонсон Контролс“ за 10 проценти. Планираат и следната година зголемување на извозот`, рече премиерот.  
Слично

Поврзани вести