Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски со писмо до Филе: Извештајот е потпишан, се чека датум за преговори?

Груевски со писмо до Филе: Извештајот е потпишан, се чека датум за преговори?
„Направивме компромис во интерес на Македонија иако не се согласуваме со правните со правните квалификации“, вели премиерот Никола Груевски во писмото до еврокомесарот за проширување Штефан Филе каде што го информира за донесувањето на извештајот за случувањата од 24 декември во и пред Собранието. Во писмото Груевски пишува дека тоа е направено за да не се загрози евроинтеграцискиот процес на Македонија, како и дека целосно застануваат зад имплементацијата на препораките содржани во извештајот. „За таа цел веднаш пристапивме кон конституирање на Работна група за спроведување на препораките на Извештајот кои ќе помогнат во надминување на причините кои ги предизвикаа немилите настани и ќе придонесе за дополнителна политичка стабилност во општеството“, пишува Груевски и додава оти се надева дека ваквите напори ќе бидат вреднувани во претстојниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија и ќе придонесат за скорешен датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Претходно Филе го поздрави потпишувањето на извештајот  и успешното завршување на работата на Комисијата, акко и консензусот на сите членови од комисијата. Во писменото соопштение тој вели дека заклучокот донесен од Kомисијата укажува дека конструктивни решенија се можни кога има политичка волја и компромис. „Со нетрпение очекувам да се спроведат и наредните чекори и имплементацијата на препораките содржани во извештајот, како и на остатокот од политичкиот договор од 1 март“, соопшти Филе минатата седмица и додаде дека ваквиот развој на настаните ќе се одрази и во претстојниот Извештај за напредокот на земјава.
Слично

Поврзани вести