Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски со нови проекти за младите

Груевски со нови проекти за младите

И покрај претходно промовираните `14 проекти за младите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски најави нови привилегии за оваа целна група.

Груевски најави вработување на 100 најдобри студенти на дипломски студии. Тој рече дека по завршувањето на образованието, ќе добијат работа и сигурна егзистенција, најсилен поттик на оние кои инвестирале во своето образование.

По завршувањето 100 најдобри студенти ќе бидат вработени во јавната администрација, акционерските друштва со доминантна државна сопственост или пак во некоја соодветна институција.

Во новите проекти за младите како целна група се најдоа и средношколците што ќе освојат награда на една од 12-те меѓународни научни олимпијади.

„За освоен златен медал, средношколецот ќе добива по 12.000 денари секој месец цела година. За освоен сребрен медал, на добитникот ќе му се исплаќаат по 10.000 денари 12 месеци. Средношколците што ќе освојат бронзен медал, 12 месеци ќе добиваат по 8.000 денари. Наградата што ќе ја прими ученикот, ќе ја прима и наставникот по математика кој го водел ученикот и го довел до ниво за меѓународна награда – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен тоа, Груевски најави и возобновување на амфитеатарот во локалитетот Скупи, изградба на нови скејт паркови и комплетно реновирање на градската библиотека Браќа Миладиновци во Скопје.

Но, овие ветувања за Социјалдемократска Младина на Македонија, се само политички маркетинг на владејачката партија, која ја обвинија дека е виновна за масовното иселување на младите од државата.

 „Лагите не поминуваат повеќе. Ниту пропагандата на твоите медиуми платена со 20 милиони евра, пари на граѓаните. После десетата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, најдобрите студенти ќе биле вработени!? Поради Никола Груевски Македонија е рекордер по бројот на магистри и дипломирани млади луѓе кои ја напуштија сопствената земја“, регаират од СДММ.

Слично

Поврзани вести