Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски со нови проекти ќе ги привлекува младите

Груевски со нови проекти ќе ги привлекува младите

Со нови пет проекти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе им се приближува на младите.

Почнувајќи со реализација од 2017 година Никола Груевски најави зградба на 150 нови игралишта за баскет, а стипендирање на студенти за последипломски и докторски студии на некои од државните универзитети, комплетно реновирање на национална универзитетска библиотека Свети Климент Охридски, Ново матично во Скопје, и  изградба на нова голема мултифункционална читална во Скопје.

Груевски посочи дека сите проекти биле корисни за младите, истакнувајќи дека политиката не требало да биде изречен збор, туку делата кои се остваруваат.

„Вие знаете како што досега направивме, многу дела и многу проекти ќе ги реализираме и овие наши ветувања. Нашата цел во сите овие проекти кои ги промовиравме е да му помогнеме на младиот човек во сите аспекти на живеењето, решавање на најзначајните прашања – домувањето и вработувањето се до образованието и подобрувањето на условите за образование и развој, создавањето услови за спорт, па се до обезбедувањето поволности за културен развој. Младот човек ова го заслужува и ние работиме тоа да стане реалност“, посочи Груевски.

Додаде дека овие пет нови проекти се само продолжение на проектите што досега се реализирани.

Слично

Поврзани вести