Груевски со нови предлог измени за екстерното тестирање, Опозицијата апелира на лошите последици од истото!
Премиерот Никола Груевски денеска излезе со нови најавени измени на предлгот за екстерно тестирање на студентите, откако пред три дена околу 3000 илјди студенти излегоа на маршовен протест за да го изкажат несогласувањето со оваа одлука.
Имено, Груевски изјави дека всушност екстерниот испит нема да важи за студентите кои веќе ги почнале своите студии туку само за оние кои во индина ќе се запишат на факултет и ќе се полага неограничено, се додека студентите не го положат.
Исто така рече дека сите студенти имаат право на мислење и право на протест посочувајќи дека тој го почитува тоа. Истакна дека засега надлежните се во фаза на јавна дебата и се слушале сите мислења. „Не е точно, како што се појавија некои шпекулации, дека нема да се предвиди можност за повеќекратно полагање на државниот испит во втора година“, рече Груевски, додавајќи дека ќе се слушнат сите мислења за оценувањето на студентите. „Размислувањата што ги сподели Владата со јавноста во правец на подобрување на знаењето и квалитетот во високото образование се мотивирани за да се помогне на студентите, младите луѓе да добијат диплома со знаење кое што ќе им помогне во животот понатаму“, додаде Груевски.
Опозицијата пак смета дека екстерното тестирање во високото образование ќе стимулира дополнителен стрес за студентите и казни за професорите.
-СДСМ се спротивставува на екстерното тестирање во високото образование, а апелиравме и на лошите последици од овој проект и во основното и средното образование.
Бидејќи Груевски лажно полага големи надежи на дебатата по повод екстерно за студентите, сакаме да потсетиме дека македонската јавност не е наивна, се вели во реакција после изјавата на премиерот кој најави нови измени.
-На јавноста добро и е познато дека за Никола Груевски не постои дебата, посочуваат од СДСМ.
Студентите, професорите и сите засегнати остро и јасно кажуваат НЕ ЗА ЕКСТЕРНО, велат во завршетокот на реакцијата од опозицијата!
