Груевски со нови мерки ќе се бори против невработеноста
„Насобраните овде сите луѓе кои како река дојдоа во салата и пред неа, на сите им е јасно со кога е народот во Македонија, во овој народ е нашата сила, во сите луѓе кои не поддржуваат, кои ја гледаат нашата борба за Македонија, го знаат нашиот вистински лик и тие затоа се тука зошто не поддржуваат. Нашиот вистински лик се нашите дела, и чекори со кои им помагаме на сите граѓани во Македонија. Секое работно место, грижа за пензионери, невработените, студентите, социјалните случаи, тоа е нашата макотрпна работа да направиме нешто добро за нашиот народ. Имаме грешки, но должни сме да упатиме на сите наши проекти кои ги имаме направено за нашата држава, конректни работи кои се мерливи и видливи, и нудат нова можнсот, поволност и нешто подобро.
Пред нас има уште време од овој мандат да го исполниме она што го ветивме, нови работни места, повеќе проекти и можности за студенти, инвестиции...
Ние имаме намера да ја реализираме нашата програма и цврсто стоиме до нашиот збор даден во нашата максима“. Вака премиерот Никола Груевски го започна денешниот собир во Битола.
Тој од градот на конзулите порача дека Македонија е суверена држава, а не квислиншка творба и дека политичарите во неа мора да ги почитуваат интересите на сопствениот народ и држава.
Премиерот во својот говор пред насобраните Битолчани ги истакна целите на владејачката гарнитура напоменувајќи дека работодавачите кои ќе вработат поширока категорија на граѓани ќе бидат ослободени од плаќањето на персоналниот данок и социјалните придонеси.
Со овие мерки премиерот очекува дрстично зголемување на бројот на вработени лица.
- Работодавачите кои ќе вработат млади лица до 35 години ќе бидат ослободени од плаќање на персонален данок и придонеси во рок од три години, а ќе имаат обврска да го задржат работникот уште една година, рече Груевски.